Македонија

Лековите стануваат подостапни за граѓаните

Лековите стануваат подостапни за граѓаните

Од осми јули оваа година 85 заштитени имиња стануваат подостапни за 250 илјади осигуреници, односно 733.000 рецепти осигурениците побрзо ќе ги реализираат.

Новите промени  во Листата на  лекови кои паѓаат на товар на Фондот се  направени по барање на лекарите, но и врз основа на анализите  на ФЗОМ,  според кои  се оцени дека има и медицинско оправдување за новата либерализација на овие лекови од позитивната листа.

Одлуката објавена  во Службен весник на РМ опфаќа 2 измени во делот на режимот на пропишување на одредени лекови.

Промена во режимот на пропишување од лек за употреба во болнички услови во лек кој може да се издава на рецепт во примарна здравствена заштита

Измена е донесена со цел поедноставување на постапката за добивање на лек на товар на Фондот. Лековите опфатени  со оваа промена ќе може да се издаваат на рецепт во примарна здравствена заштита и да се подигнуваат од аптека со договор со ФЗОМ. Досега пациентите на кои им биле пропишани овие лекови биле принудени да ги купуваат со сопствени средства и да бараат надоместок  на средствата од Фондот или  истите ги подигале од болниците што претставуваше дополнително оптоварување за осигурениците .

Измените  опфаќаат 10 лекови по генерика со фармацевтска дозажна форма и јачина, односно 16 заштитени имиња на лекови.

Лековите кои се префрлаат од болничка на примарна позитивна листа се  лекови за епилепсија, за  паркинсонова болест, антидепресиви, лекови за трансплантација на органи и ткива и  лекови за  автоимуна  невромускулна болест мијастенија гравис.

Лекови кои се префрлени од болничка  на  позитивна  листа

– oxcarbamazepin ( Trileptal,Oxalept) кои се користат кај пациенти со епилепсија и истите ќе може да ги пропишува избран лекар по препорака од специјалист или субспецијалист

– levodopa+carbidopa+entacapone (Stalevo) лек за паркинсонова болест; pyridostigmine (Mestinon) лек  за миастениа гравис-  автоимуно  невролошко  и  itraconazole (Orungal) лек  за трансплантација на органи и ткива кои сега ќе може да ги пропишува избран лекар по препорака клинички конзилиум и

-venlafaxine (Velafax, Velahibin, Zanfexa) лек од групата на антидепресиви и истите ќе може да ги пропишува избран лекар по препорака од специјалист .

Лековите ќе може да ги пропишува избран лекар без претходна препорака од  специјалист  или субспецијалист

Како и претходната измена и оваа измена е донесена со цел поедноставување на постапката за добивање на лек на товар на Фондот.

Новиот режим на пропишување овозможува  лековите кои се опфатени со погоре наведената Одлука, за кои досега беше потребна препорака од лекар специјалист или од лекар субспецијалист од повисоко ниво на здравствена заштита, сега ќе може самостојно да ги пропише избран лекар. Со ова ќе се намали бројот на упатувања, односно 250.000 дополнителни термини би се ослободиле во клиниките и болниците, а со тоа и повеќе време ќе имаат специјалистите да посветат внимание на пациентите. Придобивка за осигурениците е дека ќе се скрати и времето кое што досега беше потребно да се добијат овие лекови на рецепт на товар на Фондот. Особено за  осигурениците кои досега требале да патуваат до здравствените установи од повисоко ниво во други градови, а сега ќе можат само со посета на избраниот лекар да добијат рецепт за овие лекови.

Кај 13 лека по генерика со фармацевтска дозажна форма и јачина, односно кај 69 заштитени имиња е извршена ваква промена. Лековите опфатени со оваа измена  се од групата на антибиотици, лекови за третман на желудник, лекови за покачен крвен притисок и срце, лекови против вртоглавица.

Извршени се следните измени кај лековите наведени подолу

Кај лекот pantoprazole (Controloc,  Nolpaza, Zipantola,  Acipan, Gastroloc,  Pantoprazol Farmoz ) кој се користи за третман на желудник извршена е промена, наместо по препорака од субспецијалист -гастроентерохепатолог сега истите може да ги пропише избраниот лекар

Лекот bisoprolol (Concor,Bisobel,Bipresso, Bisoprolol, Byol,Bisocor)  кој што се користи при  висок крвен притисок и ангина пекторис  и кој спаѓа во 10 најпотрошувани лекови според бројот на реализирани рецепти сега ќе може да го пропише избран лекар  наместо по препорака на  специјалист интернист или субспецијалит  кардиолог како што беше досега.

Со измената во режимот на пропишување кај лекот azithromycin (Sumamed,Azibiot, Hemomycin, Azatryl,Azitromicin,Azimed) од групата на антибиотици  сега истиот покрај избраните гиниколози и педијатри ќе може да ги пропишува и избран општ лекар без препорака од специјалист.

Лекот clarithromycin- Fromilid,Lekoklar,Klaricin,Uniklar,Zymbaktar, Meristat, Claritromycin од групата на антибиотици со оваа измена ќе може да ги пропишуваат  сите јачини од овој лек избраните општи лекари наместо по препорака на специјалист истиот може да го пропишуваат избрани лекари.

Кај лекот cinnarizin –  Cinedil, Stugeron,Cinarizin лек кој се користи при вртоглавица извршена е промена,  односно  наместо по препорака на специјалист истиот може да го пропишуваат избрани лекари.