Македонија

Лековите за ретки болести во најголем дел се снабдени и распределени

Лековите за ретки болести во најголем дел се снабдени и распределени

При денешната посета на градската општа болница „8-ми септември“ премиерот Никола Груевски рече дека Владата се има обврзано да го реши проблемот со лековите за ретки болести и потенцира дека сега е самиот крај на негово решавање.

-Од вкупно 21 лек колку што во моментов се потребни во Република Македонија, веќе 11 се пристигнати и се распределени на пациентите и тие ги користат бесплатно. Шест други се пристигнати и се во фаза на распределба и уште четири се во фаза на набавка, а процедурата за набавка е започната. За многу кратко време сите 21 потребен лек ќе бидат целосно распределени на пациентите и истите ќе ги користат бесплатно, појасни Груевски.

На овој начин, додаде тој, целосно ќе се реши проблемот со лековите за ретки болести кој што беше  долгогодишен голем проблем за овие пациенти.

-11-те лекови кои што се пристигнати практично покриваат 90% од потребите на пациентите, односно се најчесто користените лекови. Останатите кои што сега се во фаза на распределба и 4-те кои што се во фаза на набавка претставуваат 10%, рече Груевски.

Инаку, од минатата година со одлука на Владата се одлучи да Фонот ги покрива трошоците и претставува трајна мерка. Вкупната сума која што секоја година ќе биде платена за набавка е околу 3 милиони и 700 илјади евра.

Исто така при денешната посета премиерот истакна дека со извештајот на ММФ е демаскирана лажната слика прикажана од страна на опозицијата.

Со државен долг со околу 36% и јавен долг од 43% Македонија е држава помеѓу 5-те најниско задолжени држави во Европа и она што е исто така значајно е дека во извештајот се потврдува дека задолжувањата  се правени за крупно капитални инфраструктурни проекти како што се патишта, железници, енергетски проекти, болници, подвлече премиерот.

Премиерот додаде дека е многу добро што излезе овој извештај затоа што ги негира сите досегашни обвинувања кон Владата дека, владата ја презадолжила земјата, дека наскоро ќе има крах, дека долгот е екстремни висок како и дека Владата создава привидна слика дека државата има низок долг.

Она што исто така е значајно е тоа дека ММФ во извештајот сериозно го потенцираат  делот поврзан со странските инвестиции. Во тој дел покажуваат за успешноста на владините политики и прогнозираат дека од странските инвестиции ќе следува отворање на нови 30.000 работни места. Тоа веќе не го кажува Владата туку го кажува ММФ, појаснува Груевски.

Овој извештај, заклучи Груевски ја отсликува реалноста на нашето работење но на тоа ние гледаме и како  валоризација на она што е сработено во изминатиот период.