Ленин од „Ноќни волци“ уапсен во Германија

 

Претседателот на мото клубот „Ноќни волци“ и директор на зружението на приватни автобуси „Слобода превоз“, Ленин Јовановски пред два дена бил уапсен во Германија, бидејќи како што му појасниле претставувал „голема опасност“ за земјата.dok
ој целата ситуација ја појасни преку статус на својот Фејсбук профил.

akcija

„Почитуван публикуме 06.05.2015 ја почувствував демократијата на дело. Денес бев УАПСЕН од германската полиција која ме спречи да присуствувам на прославата во Берлин 70години победа над фашизмот. После 4-5 часа малтретирање на цела наша мото колона составена од моторџии од Русија, Македонија, Бугарија, Чешка, Германија… Повисокиот орган на полицијата т.н. Бундес Полис Президиум-Потсдам, одлучи да бидам уапсен со заклучок дека јас сум претставувал ГОЛЕМА ОПАСНОСТ за Германија. На товар ми се става тоа што сум на погрешната страна во конфликт помеѓу западната и руската политика, грев ми било што сум се поздравил и зборел со Путин, што сум ги поддржувал и солидаризирал со “бунтовниците” во Украина, како Ноќен Волк сум бил екстремен националист и хомофоб, сум поттикнувал демонстрации и сум ги провоцирал државите, сум бил за Анти-Мајдан и за анексијата на Крим. Од тој аспект (како што пишува во образложението за моето апсење) тие предвидуваат дека со мојот влез во Германија претставувам закана за општата сигурност и ред во Германија. Мора да е така кога за сето тоа е задолжен цел кордон полицајци со и без униформа и со толкава логистика на возила, камери… (Документите во прилог) Спремни бре овие од Германскава полиција спремиле нешто од папирите и на македонски.
Многу ми е жал што цела колона чекаше со саати, Многу ми е жал што не стигнав до Берлин. Но среќен сум што сите други, сите до еден што ги пуштија, не си заминаа додека јас не им го кажав тоа. Поминаа сите наши браќа од Русија, Македонија… за да си ја постигнат целта. Не знаат германциве дека кого го нема и без него се може.
“Та не сме саде ние
та не сме саде тука –
ние сме по цел свет
безброjни
милиони…
Политиката никогаш не ме сакала, ниту во Македонија, а ете ни тука во Германија. (од што ли навистина се плашат ?! ) слика во прилог, сликано пред апсењето, па и не сум страшен, ако сум Волк.
“Да биде честит денот
и првата ни стапка
у првиот ни век!
Ќе мине силен ек
ќе б’сне сонце златно –
по секаде на светот
ќе згине срамно гнетот –
ке л’сне живот нов!
И реки ќе потечат,
и бреме ќе одвлечат
на вековита смрт!
Реките од живи
и пробудени сили…“, напиша тој.

ФОТО: Фејсбук, Риа новости