Ленка со закани за стрелање, бркање од државата и притисоци врз подржувачите на реформите

Повици за стрелање, апели за бркање од државата, неформални јавувања и закани врз професорите потписници на писмото за поддршка на државниот испит, жигосување од страна на медиумите на СОРОС се дел од методите на оние кои милуваат себе си да се наречат и претстават како заштитници на демократијата и уставниот поредок.

Здружението „Ленка“ на својата официјална Фејсбук страна објави статус во кој се закануваат со стрелање на потпишаните професори на иницијативата за поддршка на државниот испит.

„Конечно се појави и првиот вмроиден ЌЕЛЕШ-ТЕФТЕР у државава… Фала им на потпишаните“, пишува на дел од стратусот.

Вчеравечер се јави и демонстрантот на Љубомир Д. Фрчкоски, кој пак загрижен поради тоа што неговиот професор е главно име во медиумите и фактот што се дозна дека има нула (0) трудови со импакт фактор се закани со бркање од државата на оние кои не мислат како него.

„Се прашувам пред не кој ден Сарма и сличните режимски „новинари“ што мислат да прават кога режимов ќе падне (кога и да е тоа!)? Мислат дека некој ќе ги есапи после? Истово и денес со овие „експерти“, „интелектуалци“ и „професори“- мислат ќе има место за нив во новата Македонија и во ослободениот Универзитет?!“, пишува на својот фејсбук профил, Љупчо Стојковски, демонстрант на Фрчкоски.

 

ljupco_nasl1

Медиумите на СОРОС: Либертас, Плусинфо, А1 оон, Нова тв непрекинато објавуваат наслови со кои се дискредитираат професорите кои го дале својот потпис за инцијативата за поддршка на државниуот испит. Исто така, до нас стигнуваат информации дека по последните 24 часа се вжештени и телефонските линии, па така професорите кои дадоа потпис примале анонимни смс пораки, како и телефонски јавувања со закани да се откажат од поддршката.

Врз нив бил вршен и атак од самите колеги за кои во изминатиот период се дозна дека не работеле, односно дека не напишале ниеден труд со импакт фактор кој бил објавен во меѓународно признато списание.

Во јавувањата биле вклучени и одредени ректори кои важат за блиски до опозициската СДСМ и кои, исто така, вршеле атак врз потписниците на иницијативата.

За фашистичките методи на притисок и јавен линч кој го вршат т.н. борци за демократија, медиумите на СОРОС, СДСМ, говорат и секојдневните критики и омаловажувања кои ги испраќаат до јавноста врз оние кои со свој потпис ги поддржале реформите во високото образование. Последниот од овие инциденти, беше и забраната за снимање и работата на новинарска екипа на Правниот факултет, издадена лично од деканот Борче Давитковски, со што се загрози слободата на медиумите. На овој начин т.н. борци за демократија и слобода на медиумите се првите кои истата и ја скратија.

Уште поскандалозно е и што за овие примери нема никаква реакција од телото кое треба да ги штити новинарите, Здружението на новинари на Македонија, каде е претседател Насер Селмани. Никаде ја нема ниту самопрогласената хероина за слодоба на човековите права, Мирјана Најчевска која за 100 осто од случаите кога СОРОСОВИТЕ медиуми вршат тротура е нема како риба, а во останатите случаи „режира немање на слобода на изразување“, како и почитуваната несудена претседателка на државата Билјана Ванковска.

Нема ниту збор од загрижените за автономијата на Универзитетите професори Давитковски, Фрчоски, Калајџиев, Шуклев… кои патем и не се ни појавуваат во на своето работно месте, а се дрзнуваат постојано го говорат за авотмномијата на Универзитетот, нејзиното загрозување и слично.

Од новинарската фела, збор не изустиле со своја реакција за нападот врз слободата на медиумите и говорот на омраза ниту Бранко Героски, ниту пак Ацо Кабранов. Го нема ни професорот во пензија и доживотен извршен директор на СОРОС во Македонија, Владимир Милчин.

Зошто?

Причината е јасна и едноставна, овие т.н. „борци за демократија“ се главните протагонисти на фашистичките методи на притисок врз професорите. Затоа што тие се најмалку борци за демократијата, а најмногу луѓе кои поаѓаат од својот личен, партиски и платенички или финансиски интерес. Кој за што го бива.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.