Леонардо ди Каприо бара сродна душа!?

Кој би рекол дека човекот кој важи за еден од најголемите заводници во Холивуд може да има потешкотии во пронаоѓањето на вистинска љубов?

Како што известуваат светските таблоиди, Лео  направи профил на социјалната мрежа Тиндер, наменета за запознавање на сродна душа, и решил со допишување под името Леонард да пронајде личност која во целост ќе му одговара.

Пријателите на актерот велат дека кога ќе ја одберел онаа што најмногу му одговара, актерот ќе тргнел во преговори за средба , пренесува порталот „Холивуд рипортер“.

Со оглед на тоа што 40-годишниот ерген има бурно љубовно минато забавувајќи се со атрактивни актерки и супермодели, меѓу кои се и Жизел Бундшен, Еме Милер, Бар Рафаели и Блејк Лајвли, тој решил да се скраси и да пронајде жена која не е од јавниот живот.

– Леонардо е опседнат со четување на социјалната мрежа и секојдневно ја користи. Кога своите професионални обврски ќе ги доведе до крај, тој задолжително се вклучува на социјалната мрежа,додека не заспие. Неговите пријатели кои ја користат интернет -страницата го навлекле на тоа. Според нивните зборови, тој се уште не закажал ниту еден состанок иако се допишува со повеќе девојки. Кога ќе ја избере онаа која му одговара, ќе тргне во преговори за средба, раскажале неговите пријатели.