Леонардо ди Каприо доаѓа во Србија да најде девојка!

Леонардо ди Каприо кон средината на месец мај доаѓа во Белград, пренесуваат српските медиуми.

Поводот за посетата е кастингот преку кој Лео сака да најде актерка за главна женска улога во филмот „Робин Худ“ на кој како продуцент се потпишува тој.

Исто така Леонардо ќе бара локации за снимање и на други филмови, а ќе биде гостин и на една роденденска забава кај близок пријател.

-Неговиот пријател доби задача да ги повика на кастинг актерките: Нина Јанковиќ, Тамара Драгичевиќ, Данијела Вранеш и уште неколку други убавици кои пред славниот актер ќе ги покажат своите актерски квалитети, изјавува анонимен извор за српски Курир.