Магазин

Леонардо ди Каприо е веќе добитник на Оскар?

Леонардо ди Каприо е веќе добитник на Оскар?

Телевизијата Си-Ен-Ен предизвика вистински скандал со емитување на прилогот како се произведуваат и изгледаат статуетките за филмската награда „Оскар“. На една од статуетките се гледа  и плочка со изгравирано име на добитникот Леонардо ди Каприо.

Во понеделникот бил емитуван прилог од Чикаго, од фабриката каде што се изработуваат златните статуетки, кои ги доделува американската Академија за филмски науки и уметности. Тоа не би било ништо невообичаено, доколку на социјалната мрежа Твитер набрзо не се појави фотографија, направена од кадар на оваа емисија, а на неа се гледа плочка со името на актерот Леонардо ди Каприо како добитник на „Оскар“ за улогата во филмот „Волкот од Волстрит“.

Сето ова беше демантирано бидејќи гласањето сеуште е во тек, па така да не сме 100 отсто  сигурни дека Лео ќе биде победникот на својата категорија. Уште една причина зошто оваа гласина би можела да биде лажна, е фактот што Академијата ги изработува овие плочки за секој номиниран за да на потенцијалниот добитник може веднаш да му биде врачен Оскарот.

Инаку, доделувањето на оваа престижна филмска награда е закажано за 3 март.