Леонардо Ди Каприо во филмот за Џорџ Вашингтон

Филмот „The General“, кој ќе ја прикажува животната приказна на Џорџ Вашингтон, првиот претседател на САД, според сите податоци, ќе биде режиран од страна на Мартин Скорсезе.

Имено, продукциската куќа „Red Granite Pictures“, е во фаза на преговори со славниот режисер, кој изрази заинтересираност за проектот, кој требаше да го режира Дарен Аронофски.

„The General“, е биографски филм кој ќе ги прикажува храбрите епизоди од животот на Џорџ Вашингтон, забележани за време на aмериканската војна за независност.

Како што пренесуваат американските медиуми, Скорсезе има намери да го ангажира Леонардо ди Каприо за филмот „The General“, но се уште не е познато која улога ќе му биде наменета.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.