понеделник, 23 јануари 2017  |  Вести денес: 29

Лепа Брена заврши во полиција во Германија

Пејачката Лепа Брена и Ѕвездата на Гранд Амар Јашарспахиќ Гиле требало да одржат концерт во германскиот град Хаген. Но, се било откажано во последен момент,поради, како што тврди организаторот Хусеин Велагиќ, непрофесионализмот на Брена.

brena

Поврзани вести

Пејачката Лепа Брена и Ѕвездата на Гранд Амар Јашарспахиќ Гиле требало да одржат концерт во германскиот град Хаген. Но, се било откажано во последен момент,поради, како што тврди организаторот Хусеин Велагиќ, непрофесионализмот на Брена.

Имено, пејачката одбила да настапува додека не и биде исплатен договорениот хонорар. Велагиќ пред тоа и’ сплатил дел од хонорарот и требало да и’ даде уште 2.000 евра пред почетокот на концертот. Затоа што тој не го направил тоа, таа одбила да дојде во салата. Со оглед на тоа што салата не била полна, организаторот одбил да и го даде остатокот од парите, затоа што претходно, на име на капар, наводно и’ дал 7.000 евра.

По ова Велагиќ ја повикал полицијата и ја пријавил пејачката за измама. Се најавува дека во вторник по празникот во Германија против неа ќе биде поднесено обвинение.

Тој тврди дека полицијата од Брена ги земала парите што таа ги добила за концертот, а со оглед на тоа што не го одржала концертот, таа морала да ги врати парите на публиката за купените влезници.

Сепак менаџерот на Брена тврди дека Велагиќ не го испочитувал договорот и демантира дека полицијата земала пари од неа и дека повеќе од еден час ја задржала на распит.

Тој вели дека Велагиќ не платил за ништо, а дека пејачката не сакала да настапува додека не потпише договор за се да биде регуларно.

Според познавачите на музичките случувања во Германија, Велагич никогаш не бил менаџер, туку се занимавал со продажба на месо, а дека Брена не е првата што тој успеал да ја измами на сличен начин.

Најчитани вести