Лепен предлага алтернатива за ЕУ

(© РИА Новости . Ирина Калашникова)

Кандидатката на француските претседателски избори од крајната десница Национален фронт (FN), Марин Лепен, изјави за радиото Europe 1, дека би сакала да ја замени сегашната Европска унија со „Европски сојуз на слободни и суверени држави“.

„Јас сум Европејка, но не ја сакам оваа политичка структура, којашто се нарекува Европска унија, и која целосно застрани од правецот. Тогаш, можеби, да најдеме друг назив, новата Европа на нации и соработка… На пример, eвропски сојуз  кој ќе им овозможи на земјите да се обединуваат во проекти кои не им противречат на националните интереси, бидејќи главниот проблем на ЕУ е токму тоа, таа практично стана тоталитарна“, изјави Лепен.

Додаде дека верува оти заедно со своите сојузници во европските земји, коишто, исто така, се погодени од ЕУ „може радикално да го промени моделот на функционирање на Европската унија“.

Лепен предлага новата европска заедница да се нарече „Европски сојуз на слободни и суверени држави“.

Лидерката на Националниот фронт повеќепати во јавноста истапуваше со остри критики на сметката на ЕУ. Пред две седмица таа бараше од телевизијата TF1 од заднината да го тргне знамето на Европската унија во текот на нејзиното интервју, велејќи дека „ЕУ има сторено многу лоши работи за нашата земја и за нашиот народ“.

Веднаш по објавувањето на резултатите од првиот изборен круг од француските претседателски избори на 23 април, кога беше познато дека Лепен се изборила за вториот круг на 7 мај, директорот на нејзиниот изборен штаб, Давид Рашлен изјави дека доколку таа победи има намера да организира референдум за излегува на Франција од Европската унија.