Лепен со Националниот сојуз сака да го продолжи подемот на крајната десница

Како што беше најавено, челничката на партијата од крајната десница Национален фронт, Марин Лепен, на вториот ден од партискиот конгрес во Лил, по нејзиниот реизбор на лидерската должноста пред 1.500 делегати предложи преименување во Национален сојуз/унија (Rassemblement national), што во медиумските коментари се оценува како напор да се стане партнер во владата.

„Сакам преродбата поради којашто ме избравте сега да се приведе до крајот, тоа е предуслов за нашиот успех“, изјави Марин Лепен во говорот на затворањето на 16-то конгрес на нејзината партија, пренесе телевизијата BFM TV.

„Предлагам преименување на партијата во Национална унија“, реч Лепен. Истакна дека новото име „треба да носи политичка порака и да ја содржи суштината на курсот на партијата“. „Во никој случај нема да сугерирам да се промени нашиот симбол – запалениот факел. Ќе го зачуваме овој важен и елегантен амблем“, истакна челничката признавајќи дека досегашниот назив на партијата „на крајот почна да ги плаши гласачите“ и оти тоа го „создало механизмот на политичка кочница“.

За прифаќањето на новото име на партијата дописно ќе се изјаснуваат членовите на партијата, а резултатот ќе биде познат за најмалку шест седмици. Лепен смета дека на тој начин успешно ќе ги продолжи напорите за враќање на угледот на партијата покренати откако во 2011 година на чело го замени нејзиниот татко основач на Националниот фронт, Жан-Мари Лепен.

Од ноември 2017 година Националниот фронт спроведе внатрешнопартиска анкета, во којашто меѓу другото беше поставено и прашањето на промена на името на партијата. За таквото решение, како што беше објавено, во саботата на првиот ден од конгресот, се изјасниле мнозинство од анкетираните, или 52 отсто.

Во неделата Марин Лепен повторно беше избрана едногласно за третиот мандат, беше воедно и единствениот кандидат што зборува за општ партиски консензус по ова прашање. Нејзините приврзаници гласаа и за укинување на титулата „почесен претседател“ за Жан-Мари Лепен, кој пред три години беше исклучен од членството и му беше одземена почесната титула поради неговите повторени антисемитски ставови, но парискиот суд ја укина таа одлука. Така, отсега тој ќе нема никакви врски со партијата којашто ја основа во 1972 година и ја водеше 39 години, до 2011 година.

Лепен постариот, кој ги објави своите мемоари десетина дена пред конгресот, конечно се откажа од присуство на партискиот собир во Лил. Саботата ја мина во потпишување посвети на својата книга во една париска книжарница.

Во завршниот говор 49-годишната поранешна адвокатка се наметна како прв опонент на претседателот Емануел Макрон.

„Бевме партија на опозицијата и ќе станеме владејачка партија во Франција. Но да се победи без склучување политички сојуз е тешко. Неопходно е да го продолжиме обновувањето на партијата коешто го започнавме во 2011 година“, рече Лепен.

Во неделата во испитувањето на јавното мнение за весникот Journal du Dimanche се покажа дека 39 отсто од Французите ја посакуваат кандидатурата на Лепен на следните претседателски избор, со што најверојатно се влегува во вториот изборен круг, но претставува пад од два процентни поена во однос на септември 2017 година.