Лепиткова: Институцитте ги почитуваат строгите процедури за добивање на дозволи за геолошко истражување за отворање на рудник

Државниот секретар од министерството за животна средина Соња Лепиткова истакна дека институцитте ги почитуваат строгите процедури од самиот почеток на добивање на дозволи за геолошко истражување за отворање на еден рудник. Тоа подразбира и студија за оцена на влијание врз животната средина.

-Јас не можам да прифатам дека ние како државни институции и луѓе кои сме надлежни да водиме одредени политики, сме на некој начин тихи убијци на деца и луѓе. За информација на граѓаните сакам да истакнам дека јас сум родена, пораснав и живеам во градот Пробиштип, рударски град. Мојот родител бил рудар кој што работел во рудникот, уште е жив, и дедо ми таму работел- изјави Соња Лепиткова.

Во однос на изградбата на рудникот Иловица, Лепиткова потенцираше дека неговата изградба и подготовка за почеток со работа ќе биде силно мониторирана на одстрана на експерти, токму во делот на влијание врз жуивотната средина.

-Рудникот Иловица има 220 милиони тони на вкупна количина на руда, од која по сегашната цена на метали, приходот на државата од експлотација на тие метали е некаде над 4 милијарди евра. Високо ниво на технолошки отворен рудник, управуван така како што треба во сериозна држава каква што сме, со почитување на европски стандарди, законски и со превентивни механизми на мониторинг, во кои што објектот 4 години пред да почне да работи и да се изгради ќе врши мониторинг од страна на институциите и на почвите и на водите и на градинарските површини-рече Лептикова.

Лепиткова повика граѓаните да имаат целосна доверба во надлежните институции, бидејќи институциите покажале дека во ситуации кога не се испочитувани соодветните стандарди, инвеститорите не ја добивале дозволата за работа.

-Министерството за животна средина е краен гарант за тоа дали ќе обезбеди оптимално и безбедно производство на било кој сегмент во технолошкиот развој, не замо на рударството, преку изработка на студиите на животна средина и добивање на А интегрираните дозволи. Ние како Министерство тоа сме го потврдиле со тоа што на капацитетите што постојат не им дозволивме, иако законски можеше на старите да се прилагодат на новите техники до 2019 година, рековме дека 2014 година е последната година. На тоа опстоивме и тоа граѓаните го знаат. Во рамки на рудниците од инвеститорите слушаме дека сме премногу строги и построги од тоа што го налагаат европските критериуми. Ние како министерство добивме барање од рудникот Кадиица да влезе во фаза на експлотација и ги одбивме. Република Македонија треба овозможи развој на сите свои сегменти, и да даде шанса на покажување на знаењето и на проефсионалноста- потенцираше Лепиткова .