Лесен неделен ручек вегетаријански клуб сендвич и овесни колачиња

Сендвич, здрав, полн со свежина и разни шарени бои и слатки овесни колачиња се нашиот предлог за вашиот неделе ручек.

Потребно:

лепчиња за тост – Тост леб

10 листови марула

10 парчиња домат, сечен на кругови

10 кругови кромид

1 авокадо

една свежа краставица, сечена на кругови

10  тенки парчиња фета сирење

3 варени јајца

сенф, мајонез

сол и  бибер

Подготовка:

За еден клуб сендвич, потребни се три лепчиња. Првото лепче намачкајте го со мајонез. Врз него ставете лист марула, па два кругови домат, потоа неколку мали кругови краставица. Посолете. Потоа, два кругови кромид. Ставете го второто лепче. Од горе, намачкајте го со сенф. Ставете едно кругче јајце. Попрскајте со бибер. Ставете едно парче фета сирење и најгоре, малку пасирано авокадо. Поклопете со последеното лепче. Исечете го сендвичот на два триаголници. По желба можете да додате и парче сувомеснато.

Брзи и слатки колачиња.

kolaci

Потребно:

1 чаша интегрално пченично брашно;

½ чаша овесни снегулки;

1 прашок за печиво;

¼ лажичка цимет;

¼ лажичка сол;

2 лажици малтекс;

½ чаша кафеав шеќер;

3 лажици оризово млеко;

1 ванилин шеќер;

¼ чаша сечкани ореви;

¼ чаша суво грозје.

Подготовка:

Се комбинираат заедно пченичното брашно, овесните снегулки, прашокот за печиво, циметот, солта, и се мешаат во сад за мешање.

Во друг сад се комбинираат малтексот, шеќерот, оризовото млеко, ванилата и добро се измешуваат.

Потоа двете смеси од двата сада се смешуваат и сето тоа добро се измешува. Потоа се додаваат оревите и сувото грозје, и повторно добро сè се меша.

Врз плех, на кого е ставена мрсна хартија за печење, со лажица се формираат колачињата и се печат во загреана рерна, околу дваесетина минути.