Спорт

Лесна задача за Барселона и Атлетико (М)

Лесна задача за Барселона и Атлетико (М)

Без погодоци заврши премиерниот натпревар од 24. коло во шпанската Примера дивизион, дуелот помеѓу екипите на Елче и Осасуна.

Актуелниот шампион на Шпанија,каталонскиот гигант Бареслона денеска би требало да забележи убедлив триумф над гостинскиот тим на Рајо Валјекано, а обврска да слават во дуелот против тимот на Валјадолид имаат фудбалерите на Атлетико (М).

“Среќен сум што повторно на располагање ги имам и услугите на Неимар. Точно дека не чуствува никаква болка, но нема потреба од некакво брзање. Знам дека сите се нестрпливи, дека сите сакаат да видат како повторно ќе функционира тандемот Меси-Неимар, но ние мора да бидеме претпазливи”, изјави предводникот на Барселона, Херардо Тата Мартино.
Денеска на програмата: АтлетикоМ. – Валјадолид, Барселона – Р.Валјекано,Вилјареал – Селта, Леванте – Алмерија.