Лесна ждрепка за македонските клубови во ЛЕ

Противници по мерка добија и македонските претставници во 1. квалификациско коло од најмасовното клупско натпреварување, Лигата на Европа.

Фудбалерите на Металург за противник го добија вицешампионот на Андора, УЕ Санта Колома, а во случај на успех, прволигашот од Автокоманда за противник во 2. коло ќе го добие подобриот од дуелот Железничар (БиХ) – Ловќен (Црна Гора).

Хоризонт Турново доколку го мине грузискиот прволигаш Чикура во 1.коло, во 2.квалификациско коло ќе се сретне со турскиот прволигаш Бурсаспор.

Тетовска Шкендија во 1. квалификациско коло ќе игра против молдавскиот прволигаш Зимбру, а противник во следното коло ќе биде бурагскиот гигант ЦСКА од Софија.