Лестер Бо Мекејлеб промовиран во Баерн Минхен

Од денеска Лестер Бо Мекејлеб и официјално е нов член на Баерн Минхен, откако потпиша едномесечен договор со актуелниот шампион на Германија.

Претпладнево во просториите на клубот беше одржана и неговата промоција, на која истакна дека е задоволен од можноста да настапува за еден од најголемите клубови во Германија.

„Баерн е вистинскиот избор за мене, затоа и ја прифатив оваа понуда. Подготвен сум за предизвикот, подготвен сум веднаш да играм, знам дека можам да му помогнам на тимот“ – изјави накратко Мекејлеб на прес-конференцијата.

Мекејлеб по раскинувањето на договорот со Фенербахче подолг период беше без клуб, а договорот кој го потпиша со Баерн има опција за продолжување до крајот на годината.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.