Лестер ја продлабочи кризата на Евертон

Во средбата од 10-то коло од англиското фудбалско првенство Лестер Сити го совлада Евертон со 2:0, со што ливерпулскиот клуб тоне на табелата и влегува во тешка резултатска криза.

Победата за „лисиците“ ја донесоа Џеји Варди во 18 и Демарај Греј во 29 минута.

Лестер Сити со оваа победа ја продолжи низата без пораз на четири кола, додека Евертон го впиша третиот лигашки пораз во последните четири кола, а без победа е од септември кога славеше против Борнмут.

Во претходно одиграниот меч Брајтон анд Хоув Алнбион и Саумптетон одиграа 1:1. Гости поведоа во 7 минута со голот на Стивен Дејвис, а изедначи Глен Мареј во 52 минута.

Лестер сега е 11-ти со 12 бодови , а Евертон падна во зоната на испаѓање на 18-то место со само 8 бодови. Борнмут има 7 бодови, а на крајот е Кристал Палс со 4 бодови.

Во водство е Манчестер Сити со 28 бодови пред Манчестер Јунајтед со 23 бодови и Тотенхем со 20 бодови.