Лета: Стравувам дека во септември 2017 веќе нема да ја има ЕУ

Ние сме веќе во процес на дезинтеграција и ако чекаме на изборите во Шпанија, Франција и Гермнаија во септември 2017 година, стравувам дека во септември 2017 година веќе нема да ја има Европа, смета поранешниот премиер на Италија Енрико Лета.

Во интервју за Дојче веле на прашањето дали има впечаток дека „европската идеја веќе не е толку омилена како некогаш“, Лета одговара – апсолутно.

– Луѓето се помалку воодушевени со Европа, а последица е дека политичарите ветуваат дека заради гласови, и тие би требало помалку да бидат воодушевени од идејата за Европа. Тоа значи дека ќе има се помалку европски интеграции.Без европски одговор немаме силен одговор имаме само политичка неслога. Тоа е причина што популистичкликте партии денес високо котираат. Не постои јасно решение за проблемите на луѓето и граѓаните затоа реагираат, наведува Лета.

– Сепак, мислам дека европските проблеми не може да чекаат 12 месеци. Ние сме веќе во процес на дезинтегарација и ако ги чекаме изборите во Шпанија, Франција и Германија во септември 2017 година, стравувам дека во септември 2017 веќе нема да ја има Европа, изјави Лета.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.