Летаат куршуми во Скопје и Куманово, оштетни автомобили и балкон

Од заскитани куршуми во Куманово се оштетени два автомобили, а скопјанец пронашол проектил на својот балкон.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи вчера од заскитани куршуми биле оштетени два автомобили.

Од куршуми биле оштетени автомобилите, „сузуки свифт“ паркирано на улица Моша Пијаде сопственост на М.К. и „форд фокус“ паркирано на улица Ѓорче Петров, сопственост на М.Ѓ.

Полицијата пронашла чаури и се дадени на вештачење.

Скопајнецот,Ц.И. од село Стајковци вчера пријавил дека на новогодишната ноќ на балконот од неговата куќа пронашол зрно од огнено оружје, непознат калибар од кое била оштетена настрешницата од балконот.