Летен хороскоп: Овие два знаци ги очекува целосен пресврт

Летото е време за нови случувања… Прочитајте кои два знаци во текот на ова лето ги очекуваат возбудливи акции и можности!

Овен

Летните месеци ви се целосно наклонети, единствено во текот на јуни ќе бидете мирни и забавени, но ситуацијата се менува во првите денови на јули. Зафатените припадници по 15-ти јули можеби ќе добијат некоја понуда на љубовен или на бизнис план што тешко ќе можат да ја одбијат. Идеално време за одмор ќе биде на почетокот на август кога ќе бидете полни со елан и ќе сакате на недела или две целосно да се посветите на саканата личност или на драгите луѓе.

Бик

Летото е време кога треба да излезете од вашата комфорна зона. Сакате нова работа, нова љубов или било каква промена? Е сега дојде времето да исчекорите и да направите голем чекор што мошне ќе влијае на вашата иднина. Првите недели на јули се идеални за одмор за да ги наполните батериите за возбудливиот остаток од летото! Една Водолија веќе подолго време ја посакува вашата наклонетост, па можеби август ќе биде времето кога конечно ќе попуштите и ќе се впуштите во една авантура!

Близнаци

Иако јуни е вашиот месец во текот на овој период ништо важно нема да завршите. Поточно вам летото ќе ви биде наменето за одмор, релаксација и собирање енергија за почетокот на есента кога ве очекуваат важни одлуки и проекти! Кога станува збор за љубовта, август ви е наклонет, особено за слободните припадници. Идеален спој за вас ќе биде Лавот, а во текот на август можете да имате прекрасни заеднички мигови.

Рак

Летото пред вас е идеален период за да ги помирите минатото и сегашноста. Почнете веќе од половината на јуни полека да го чистите вашиот живот. На негативните луѓе конечно затворете им ги вратите и пружете прилика на некоја личпност што веќе подолго време ви ја покажува својата наклонетост. Да, мислиме на некој Близнак или Скорпија. Во август не ја пропуштајте бизнис можноста што можеби ќе ви ја отвори вратата за странство.

Лав

Лавови, знаеме дека сте посебни и дека летните месеци се создадени за вас. Блескате речиси во секоја ситуација, но обидете се ова лето да го споделите со луѓето околу вас. Доколку на било кој начин е можно обидете се да одолеете на искушенијата и бидете верни на саканата личност (ако сте зафатени). Слободните ќе имаат толку прилики (и добри и помалку добри) што ќе им биде тешко да се одлучат. Втората половина на август ќе биде идеална за одмор кога некаде ќе ги сумирате впечатоците од изминатите месеци.

Девица

Девици, време е да закочите и да се опуштите, затоа што немора секогаш да бидете совршени и упатени, особено не овој јуни! Јули и август ќе ви бидат многу понаклонети па сите важни одлуки зачувајте ги за тој период. Една вага не ви дава мир, а вие ќе бидете во искушение по 15-ти јули да се запрашате дали таа е тука со причина!

За другите знаци повеќе на следната страница…