Македонија

Летни музички работилници во Спомен домот на Тоше Проески

Летни музички работилници во Спомен домот на Тоше Проески

Пoчнувајќи од ова лето, па во секоја наредна година, во Спомен домот на Тоше Проески во Крушево ќе се одржуваат музички работилници за различни инструменти преку кои младите талентирани музичари ќе имаат можност да се здобијат со непроценливо искуство и знаење од најреномираните македонски уметници. Првата работилница ќе биде гитарска, а се одржи од 24 до 26 јуни, под менторство на гитарскиот виртоуз Влатко Стефановски.

Младите музичари ќе имаат можност три дена да работат со својот ментор, а резултатите од нивната заедничка работа ќе бидат презентирани на завршниот концерт кој ќе се одржи на платото пред Спомен домот каде младите гитаристи ќе имаат можност да настапат заедно со Влатко Стефановски.
Музичка работилница е во организација на Министерството за култура.

tose