Летно сметање на времето – денот ќе трае подолго

Месецот март, кој започнува од утре ќе ни донесе и продолжување на денот.

Последната недела од март, ќе имаме ново поместување на стрелките на часовникот, денот ќе добие 1 час повеќе, односно ќе се стемнува еден час подоцна.

Оваа година последната недела од март е на 27ми. Тогаш во два по полноќ, стрелките на часовниците ќе ги помериме за еден час напред, што значи дека ќе спиеме еден час помалку, но затоа, ќе имаме еден час подолг ден, односно ќе се стемнува околу 19 часот.