Летното државно првенство во пливање донесе два нови рекорди

Матеј Цветановски и Ана Јаневска поставија два нови рекорди на летното државно првенство, кое викендов се одржа на базенот во населбата Аеродром.

Цветановски кај постарите пионери постави нов рекорд на 50 метри слободно, со време 26,99 секунди, за една стотинка подобро од рекордот на Горан Стаменов од 2001 година.

Јавенска, пак, кај кадетките, го собори својот рекорд на 50 метри делфин, па сега исплива 30,43 секунди. Претходниот рекорд кој го држеше беше со време 30,82.

Пливачкиот клуб Бета на годинешното летно државно првенство освои вкупно 205 медали од кои 68 златни, 76 сребрени и 61 бронзен mедал.