Летото се враќа: До крајот на неделата сончево и топло време

Летото се враќа. До крајот на оваа работна недела не очекува топло време, невообичаено за овој период од годината.

До крајот на работната недела нашето подрачје ќе биде под влијание на топла и сува воздушна маса од југ, која ќе услови сончево и доста топло време за овој период од годината, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Според најавите, најтопло се очекува да биде во петок, кога температурите ќе се искачат до 35 степени.

Летото се враќа: До крајот на неделата сончево и топло време
Летото се враќа: До крајот на неделата сончево и топло време

Благ пад на температурите за време на викендот

Оттаму нагласуваат дека во деновите од викендот температурата ќе биде во постепено благо опаѓање.

Денес сончево и топло време

Летото се враќа: До крајот на неделата сончево и топло време
Летото се враќа: До крајот на неделата сончево и топло време

Денес не очекува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе се движи од 24 до 31 степени, УВ= 6.