Летото е период кога треба да одморите и вие и вашата коса

Веќе со сигурност знаете дека кога Сонцето и УВ зраците ќе го достигнат својот врв, тогаш од дома не треба да се излегува без заштитен фактор. Не е важно дали одите на работа, низ населба или на плажа – меѓу кожата и сончевите зраци мора да има заштитен слој крема.

Исто така несмеете да зборавите ниту на косата. Мора да знаете дека косата не го „обожава“ сончевото зрачење, ниту морската вода, солта и песокот – па така, ако не ја негувате правилно, таа ќе стане дополнително оштетена и горниот слој на влакното почнува да пука.

Затоа пред да одите на море задолжително поткратете ги врвовите и трудете се косата да ја сушите по природен пат.

Немојте да користите четка на мократа коса затоа што тоа предизвикува пукање – земете чешел со широки запци.

Лефтерните и природни фризури секогаш се во мода во лето – избегнувајте да ја врзувате косата и заборавете на виткањето и на пеглата!

Не заборавајте да набавите добри продукти за нега и заштита на косата.

Кога ќе одите на море, не заборавајте веднаш по капењето да ја измиете солта за да го избегнете безживотниот изглед на косата.

Во чантата за плажа понесете и масло за коса што не се мие и што ќе помогне вашата коса да не стане сува или како метла.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.