Македонија

Летото се враќа, денес сончево време и пораст на температурите

Летото се враќа, денес сончево време и пораст на температурите

Летото се враќа. Претежно сончево време со мала до умерена облачност се очекува во текот на денешниот ден. Долж Повардарието ќе дува умерен северен и северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од  12 до 19, а дневната од 21 до 27 степени.

Летото се враќа и во Скопје. Денес во главниот град времето ќе биде претежно сончево со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

За време на викендот максималната температура ќе достигне до 28 степени.

За време на викендот максималната температура ќе достигне до 28 степени.
За време на викендот максималната температура ќе достигне до 28 степени.

Летото се враќа, кон средината на неделата темепартурите до 30 степени

Во наредните денови ќе преовладува претежно сончево време со постепен пораст на дневните температури. Особено топло се очекува кон средината на наредната седмица кога наместа дневните температури ќе се искачат и над 30 Целзиусови степени.

УВ-индексот во наредните денови ќе има вредност 6.