Летовите за Турција регулирани

Воздушниот сообраќај и летовите кон и од Турција се одвиваат регуларно, согласно најавениот распоред, а сите хотели и летувалишта функционираат на најдобар можен начин, соопшти денеска Советништвото за култура и информации при Амбасадата на Република Турција во Скопје.

Според Советништвото, надминати се кратките прекини поради неодамнешните случувања во земјата.

Во  сите туристички дестинации како Мугла, Анталија, Измир,…, нашите и странските државјани – туристи не беа соочени и не доживеаја никакви непријатности, додава Советништвото.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.