Летово реконструирани 15 средни училишта

Вкупно 15 учичишни објекти биле рекоснтруирани во текот на летото, а за нив од буџетот на Град Скопје биле издвоени околу 33,5 милиони денари . Изминативе неколку години Градот за реконструкција на средните училишта има издвоено 132 милони денари.

Ова го истакна градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, по денешната посета на СУГС „Васил Антевски Дрен“, на првиот училиштен ден од учебната 2014/2015 година.

За време на посетата градоначалникот на учениците запишани во првата година во училиштетото им посака успех во нивното образование и воедно направи увид во градежните зафати и реконструкции кои беа направени во ова средно училиште во текот на летово.

– Денеска почнува новата учебна година, а за некои од учениците е и прв ден во средношколските клупи, односно тие почнуваат и ново поглавје во нивното образование и живот. Годинава во прва година во средните училишта на Град Скопје се запишани околу 6.000 ученици, а во СУГС “Васил Антевски-Дрен” околу 500 ученици. Летово во ова училиште е извршена целосна замена на вратите во училиштето, како и замена на дел од прозорците, истакна Трајановски.

Директорот на СУГС „Васил Антевски-Дрен“, Александар Канурков, изјави дека училиштето е целосно подготвено за почетокот на новата учебна година.

Тој нагласи дека, согласно со препораките од Министерството за образование и наука, Министерството за здравство, како и Санитарниот инспекторат, поради појавата на жолтица, извршена е вонредна дезинфекција во училиштето.