Летово украдени 13 регистарски таблички во Грција

Во текот на вчерашниот ден на граничниот премин Богородица е пријавен нов случај на украдени регистерски таблички од возило на македонски државјанин.

Случајот е пријавен од страна на лицето В.Д. од Скопје во чија сопственост е возилото марка „Шкода Јети“ од кое биле украдени регистерските таблички.

Имено, сопственикот на возилото пријавил дека на 25.08.2014 година во туристичкото место Ханиоти, Р. Грција му биле украдени двете регистерските ознаки, по што случајот го пријавил во Грчката полиција.

Според информациите на Министерството за внатрешни работи, со овој нов случај на украдени регистерски таблички бројката на вкупно украдени регистерски таблички за оваа година достигна вкупно тринаесет, а досега регистрирани се и пет оштетувања на регистарски ознаки, со што забележуваме континуитет на проблеми од ваков карактер со кои мошне често се соочуваат македонските туристи во Р.Грција.