Бразил2014,Спорт

Лев откри што му има кажано на Марио Геце

Лев откри што му има кажано на Марио Геце

Селекторот на Германија, Јоаким Лев откри што се му има кажано на Марио Геце пред фудбалерот на Баерн (М) да влезе во игра во 88 минута од натпреварот.

„Да, разговаравме пред да влезе во игра. Што му кажав на Марио Геце? Му кажав дека сега е вистинскиот момент за да покаже дека е подобар фудбалер од Лионел Меси, дека сега е вистинскиот момент за да го реши натпреварот. Тоа му го кажав. Имав убаво чуство, бев убеден дека Марио ќе ја направи потребната разлика. Геце е чудо од дете, може да игра на било која позиција. Марио знае дека го има тоа што е потребно за да ја направи потребната разлика. Ме послуша, веруваше во своите квалитети и го постигна победничкиот погодок, изјави Лев.