Лев предводник на Германија и на ЕП 2016

Актуелниот селектор на новиот светски шампион, репрезентацијата на Германија, Јоаким Лев, откри дека биде предводник на популарните “панцири” и во квалификацискиот циклус за престојното Европско првенство Франција.

Иако неколку германски медиуми ја пласираа информацијата дека Лев сака да се повлече од селекторската функција после фантастичниот резултат во Бразил, искусниот стручњак со мало задоцнување изјави дека ќе го испочитува претходно потпишаниот договор кој има важност до крајот на 2016 година.
“Не го обновував договорот со сојузот за да сега го раскинувам предвреме. Само ми беа потребни неколку дена за да ми слегнат работите во глава. Му благодарам на претседателот на сојузот Волфсбанг Нирсбах за поддршката”, изјави Лев.