Лев селектор на Германија до 2018-та година

Германскиот „Билд“ објави дека Фудбалската федерација и селекторот Јоаким Лев се во завршни преговори за потпишување на нов договор кој ќе трае до 2018-та година.

Договорот на 55-годишниот Лев, кој на Германија минатото лето и го донесе четвртото злато од Мундијалите, истекува по завршувањето на Европското првенство 2016-та година во Франција.

Според информациите, новиот договор предвидува клаузула според која би постоела можност двете страни да ја прекинат соработката по шампионатот на Стариот континент се разбира доколку не се остварат нивните амбиции.