Лев веќе врши притисок врз мексиканскиот судија

Селекторот на Германија, Јоаким Лев додатно ја подгреа атмосферата пред денешниот полуфинален дуел против селекцијата на Бразил со изјавата дека очекува “црвста рака” од мексиканскиот судија Марко Родригез.

“Го гледав 1/8 финалниот дуел помеѓу репрезентациите на Бразил и Колумбија. И двете репрезентации играа грубо, имаше фаул во секоја акција. Бевме сведоци на неколку груби стартови, особено на тие кога едниот фудбалер му скока на другиот и го удир по грб. Јас не видов ниту еден норален прекршок. Немаше таков фудбалер кој ја брка топката и ненамерно прави фаул или таков кој прави фаул поради пресинг на противничката половина. Имаше само брутални прекршоци, не се бираа никакви средства, се користеа и раце и нозе. Ако се продолжи во таквиот ритам, фудбалскиот свет нема да ужива во мајсториите на Меси, Озил или тие на Неимар. Фудбал ќе играат само грубите фудбалери. Се надевам дека мексиканскиот судија ќе има целосна контрола врз натпреварот”, изјави Лев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.