Левандовски најпосле позира во дресот на Баерн Минхен

Пред неколку минути, репрезентативецот на Полска, Роберт Левандовски и официјално беше претставен како прва летна аквизиција на најтрофејниот клуб во германската Бундес лига, Баерн (М).

Поранешниот напаѓач на Борусија од Дортмунд на “Алианс Арена” пристигна како слободен фудбалер, а ведна по официјалната промоција изјави дека ги има наполенто батериите и дека со нетрпение го очекува стратот на новата клупска сезона.

“По четири години минати во Дортмунд, чувствував дека е дојдено време да се направи уште еден чекор напред. Јасно е дека Баерн е клуб од највисок ранг и не се сомневам дека овој тим ќе ме направи уште подобар играч. Се чувствувам одлично, одморот добро ми дојде, ги наполнив батериите и сега со нетрпение го очекувам стартот на новата авантура”, изјави Левандовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.