Спорт

Леванте однесе бод од „Сантјаго Бернабеу“

Леванте однесе бод од „Сантјаго Бернабеу“
Лукас Васкез

Во првиот натпревар од 3-то коло од саботната програма на шпанската фудбалска лига, фудбалерите на Леванте направија изненадување освојувајќи бод на „Сантјаго Бернабеу“ одигрувајќи со Реал Мадрид 1:1 (1:1).

Гостите поведоа уште во 12 минута со голот на Иви, а изедначи во 36 минута Лукас Васкез. Реал во второто полувреме изведе целосна офанзива пред голот на гостите од Валенсија, но неговите напаѓачи не успеаја да постигнат уште еден гол.

Тренерот на „кралевите“ од Мадрид, Зинедин Зидан, ниту на овој меч не можеше да смета на Кристијано Роналдо, а во составот не беше ниту значајниот играч од втор план Лука Модриќ. Зидан на петнаесетина минути до крајот се обиде со Матео Ковачиќ да промени нешто во нападот, но сето тоа беше без успех. Работите за Реал да бидат полоши, поради повреда од игра во 28 минута мораше да излезе од игра Карим Бензема, а во 89 минута Бразилецот Марсело заработи црвен картон поради удирање на противничкиот играч.

Реал Мадрид втор натпревар по ред на домашен бод освојува само бод, откако пред Леванте и со Валенсија одигра без победник 2:2.