Леверкузен клекна пред Николче Новески

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Николче Новески е еден од најзаслужните за минималниот триумф на неговиот тим Мајнц во првенствената пресметка против фаворизираниот тим на Баер од Леверкузен.
Саботниот дерби натпревар помеѓу вечните ривали Баерн (М) и Шалке, заврши со убедлив триумф на баварскиот гигант од 5:1.
Многу полесно од очекуваното, фудбалерите на Борусија од Дортмунд ја оправдаа фаворитската улога во саботниот натпревар од 23. коло во германската Бундес лига и сосема заслужено со 3:0 го торпедираа гостинскиот тим на Нирнберг.
Денеска ќе се одиграат последните два натпревара, а на истите се очекува голема неизвесност и борба до допследниот судиски свиреж.
Резултати: Брауншвајг – Борусија М. 1:1, Борусија Д. – Нирнберг 3:0, Аугсбург – Хановер 1:1, Вердер – Хамбургер 1:0, Херта – Фрајбург 0:0, Леверкузен – Мајнц 0:1, Баерн (М) – Шалке 5:1.
Денеска на програмата: Ајнтрахт Ф. – Штутгарт, Хофенхајм – Волфсбург.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.