Леверкузен во ЛШ, Хамбургер во бараж

Последното, 34. коло од германската Бундес лига се покажа како среќно за фудбалерите на Баер од Леверкузен кои забележаа минимална победа од 2:1 во дуелот со гостинскиот тим на Вердер од Бремен и ја исполнија зацртаната цел, освојување на четвртата позиција и пласман во последното квалификациско коло од Лигата на шампиони.

Старо-новиот шампион на Германија, тимот на Баерн (М), постигна погодок во 93 минута и забележа само минимална победа од 1:0 во дуелот против гостинскиот тим на Штутгарт, а убедлив триумф од 4:0 на гостувањето во Берлин, забележаа фудбалерите на Борусија од Дортмунд.

Пласман во групната фаза од Лигата на Европа обебзедија фудбалерите на Волфсбург, Борусија од Менхенгладбах и Мајнц, а збогум на елитното друштво кажаа фудбалерите на Ајнтрахт Брауншвајг и Нирнберг.

Дополнителни два бараж натпревари против третопласитаниот во германската Втора лига, ќе одиграа фудбалерите на Хамбургер.

Резултати: Аугсбург – Аајнтрахт Ф. 2:1, Мајнц – Хамбургер 3:2, Херта – Борусија Д. 0:4, Баерн М. – Штутгарт 1:0, Хановер – Фрајбург 3:2, Волфсбург – Борусија М. 3:1, Хофенхајм – Брауншвајг 3:1, Шалке – Нирнберг 4:1, Леверкузен – Вердер 2:1.