четврток, 8 декември 2016  |  Вести денес: 18

Одлуката Левица самостојно да настапува на изборите е легална

Ова е уште еден правен пораз на обидот на некои инсајдери и САБОТЕРИ да се оневозможи учеството на #Левица на предвремените парламентарни избори, велат од Левица.

levica-640x427

Последни вести

Партијата Левица денеска преку својот фејсбук профил соопшти дека Основниот суд Скопје 2 го одбило барањето за забрана за спроведување на одлуката на Левица за самостоен настап на изборите како неосновано. Ова, како што соопштуваат од партијата, е уште еден правен пораз на саботери кои сакале да се оневозможи учеството на Левица на предвремените парламентарни избори.

Согласно приложеното, се нагласува во постот, јасно се гледа дека одлуката е статутарна и легална, уште повеќе донесена во демократска постапка, изгласана од мнозинството членови на Централниот комитет (највисокото раководно тело помеѓу два редовни Пленуми), по претходна консултација со членовите на локалните организации на Левица.

levica-status

-Важно е да се напомене дека огромното мнозинство од базата на Левица зазеде став за самостоен настап на предвремените парламентарни избори. Левица не потклекнува пред овие обиди за САБОТАЖИ и замешателства, досега невидени во политичката историја на Македонија.  Левица со својата креативна кампања ќе успее да стане парламентарна партија и да се бори за интересите на најзагрозените категории во нашето општество!, соопшти Левица на својот ФБ профил.

Носителот на листата на ЛЕВИЦА во првата ИЕ, Димитар Апасиев на својот ФБ профил напиша дека ЛЕВИЦА е „целосна спротивност на распекмезените привилигерани „елитни“ фаци кои само мудруваат и кои ги шитнаа најголемите протести за фотеља“.

apasiev-1

-Левица e Партија на непривилегираните! Партија на оние кои „не се снашле“ во ова мракобесие. Партија на оние кои одбиваат да се потчинат на бипартизмот на ДПМНЕ и СДСМ. Партија без лидери. Партија без портпароли. Партија со дозволени фракции. Партија кај што секој е свој, кај што сите се заедно и си го чуваат грбот, оти нема кој друг да им го чува! Партија која е целосна спротивност на распекмезените привилигерани „елитни“ фаци кои само мудруваат и кои ги шитнаа најголемите протести за фотеља, напиша Апасиев.

Најчитани вести