Левис Холтби најверојатно ќе биде позајмен на Шалке

Маркус Ноак, агентот на германскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Левис Холтби, ја потврди пласираната информација дека неговиот клиент најверојатно пролетниот дел од актуелната сезона ќе го одигра како позајмен фудбалер во дресот на Шалке.

„Мојот клиент има потреба од поголема минутажа, сака да игра на секој натпревар. Само така може да го зачува местото во националната репрезентација и само така може да биде дел од престојниот Мундијал во Бразил. Поради оваа причина, Холтби сака промена на клупската средина, сака да замине од редовите на Тотенхем. Дефинитивно, Шалке е најдобрата можна опција на мојот клиент, но да почекаме уште малку”, изјави Ноак.