Ли На го освои Австралија Опен

Кинеската тенисерка Ли На се закити со титулата на првиот грен слем турнир годинава Австралија опен. Таа во финалето на турнирот во Мелбурн ја совлада Словачката Доминика Цибулкова со 7:6, 6:0.

Ова беше петти меѓусебен дуел на вете тенисерки и во сите славеше Ли На. Ова е втора грен слем титулар за Кинекињата, која претходно го подигна пехарот на Ролан Гарос. Благодарение на оваа победа. Ли На, од понеделник ќе се искачи на третото место на ВТА листата, зад Серена Вилијамс и Викторија Азаренка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.