Либан ги затвора границите за бегалците од Сирија

Властите на Либан соопштија дека повеќе нема да примаат бегалци од соседна Сирија, освен во исклучителни случаи, објави МИА.

Либанскиот министер за информации Рамзи Џорејџ изјави дека неговата земја не може повеќе да прима бегалци, нагласувајќи дека голем дел од сириските бегалци најверојатно ќе бидат приморани да заминат од Либан.

Во Либан, според официјалните податоци, има 1,1 милиони бегалци од Сирија, што е еднакво на една четвртина од вкупното либанско населние.

Се претпоставува дека реалната бројка на сириски бегалци во Либан е многу поголема од официјалната.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.