Либанската војска откри и противвоздушни проектили во освоени складишта на џихадистите

Либанската армија во понеделникот потврди дека открила противвоздушни проектили тајно складиште со оружје од претежно американско производство, во областа од којашто се истисната милитантите на Исламската држава и на втората џихадитичка групација Џебхат Фатех ал-Шам, сириското крило на Ал Каеда.

Либанската национална новинска агенција NNA, повикувајќи се на неименуван официјален претставник на Генералниот директорат за безбедност, уште изминатиот викенд објави дека разузнавачка патрола открила складишта за муниција и ракети во долината Вади Хамид, источно од пограничниот град Арсал, без да се наведат дополнителни информации.

Меѓутоа, агенцијата Reuters цитираше неименуван безбедносен извор дека откриениот арсенал содржел ракети од типот „земја-воздух“, како и голем број американски противтенковски проектили, како и многу други видови гранати и проектили. Притоа беа објавени и фотографии од откриеното оружје.

Овие складишта ги освои либанската шиитска организација Хезболах којашто во сирискиот конфликт се бори на страната на владата на претседателот Башар ал-Асад, а потоа ги предаде на либанската армија.

Во понеделникот беше соопштено дека е пронајдени и минофрлачи, средни и тешки митралези, јуришни пушки, гранати, противтенковско вооружување, противпешадиски мини, импровизирани експлозивни направи и муниција.

Либанската војска од петокот започна со операцијата за протерување на борците на Исламската држава од малата енклава во планинската област на границата со Сирија. Сириската војска и либанското шиитско движење Хезболах истовремено започнаа но одвоена операција во истата област од сириска страна на границата.

Офанзивата којашто Хезболах ја започна на 29 јули придонесе за протерување на милитантите од радикалната групација на Ал Каеда во Сирија, од соседната енклава кон областите кои сѐ уште се под контрола на бунтовниците во Сирија.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.