„Либерал”: Заев ќе им даде еднаков статус на Албанците и ќе ги уназади Македонците

Еднаков статус за Албанците што ќе претставува сериозно уназадување за Македонците, ова според грчкиот портал “Либерал” е веќе договорена работа меѓу лидерот на СДСМ Зоран Заев и албанскиот фактор во Македонија, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.

Албанците од пј Р Македонија се договорени со лидерот на социјал-демократската партија Зоран Заев да им даде статус на еднаквост и заедничко владеење на националните заедници, што претставува сериозно уназадување за „Словените“ во Скопје, се вели во анализата на порталот посветена на плановите за голема Албанија.

Во текстот се вели и дека албанскиот премиер Еди Рама ја предизвикува стабилноста на Грција и целиот Балкан, а пак во однос на Македонија, се потенцира и улогата на соседна Бугарија. Анализата потсетува дека шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во мај минатата година, во говор пред Парламентот, предупреди за агендата за поделба на Македонија меѓу Албанија и Бугарија.

Груевски уште го држи кормилото во земјата

Грчката државна телевизија ЕРТ информираше за собирот на владејачката партија во главниот град, нагласувајќи дека на него беше присутен и шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц, кој што меѓудругото, ја пофали Македонија за справувањето со бегалците. ЕРТ информира и дека партијата на Никола Груевски е во водство пред опозициската СДСМ.

Сепак, Груевски уште го држи кормилото во земјата, додека анкетите покажуваат дека партијата има водството од 5 до 9 проценти во споредба со опозицијата, се вели во текстот.

И грчката државна новинска агенција АНА-МПА информира дека во Скопје беше одржан масовен собир на владејачката партија, која што според сите анкети, води пред опозицијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.