Либерализацијата на пазарот на струја е одложена за да се спречи поскапувањето

Потребно е да се направат и измени во делот на природниот гас и топлинската енергија, како и да се внимава кога се склучуваат договори со Енергетската заедница и договореното да се почитува за, земјава да не го губи угледот како со одложувањето на либерализацијата на пазарот на електрична енергија. Ова го истакна членот на Комисијата за економски прашања Васко Ковачевски од СДСМ на вчерашната расправа за Законот за енергетика во Собранието.

На тоа заменик министерот за економија Кристијан Делев му одговори дека одложувањето на либерализацијата е направено за да се спречи поскапувањето на цената на струјата за домаќинствата и нагласи дека и Енергетската заедница прифатила етапна либерализација само не се согласува со предвидената динамика.

– На состанокот на Енергетската заедница во Тирана Македонија воопшто не беше прекорена за одложувањето на либерализацијата на пазарот на електричната енергија, туку главна забелешка беше во делот на обновливите извори на енергија. Им посочив дека во Стратегијата за ОИЕ, која е усвоена, се предвидува до 2020 година 21 отсто од