Хашим Тачи: Либерализацијата на визниот режим e прашање на часови

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека „прашање на часови е кога Косово ќе ја добие веста за слободно движење на граѓаните“.

– Само прашање на часови е кога Косово ќе добие визна либерализација. Процесот на либерализаиција на визите повеќе не брои недели или денови, туку сега се бројат само часови, нагласил Тачи.

Тој додал дека тоа е добра вест и една нова историја за Косово.

– Визната либерализаиција на нашите граѓани беше непотребно доцнење, но е придобивка за сите граѓани на Косово, истакна Тачи.

Процесот за визна либерализаиција Косово го почна во почетокот на 2012 година и е едниствена држава од Југоисточна Европа која има визен режим.

Според косовските медиуми,  Европската комисија утре треба да донесе одлука за визна либерализаиција за Косово, за Грузија, за Турција и за Украина