Либерија ги затвори училиштата поради страв од ширење на ебола

Либерија одлучила да ги затвори сите училишта обидувајќи се да го сопре ширењето на епидемијата на ебола која хара во таа и соседните земји на западот на Африка, потврдила либериската претседателка Елен Џонсон.

„Сите училишта морат да ја почитуваат одлуката за затворање на училишта додека се очекуваат нови насоки на Министерството за образование. Сите пазари на подрачјето долж границата со Сиера Леоне, Гвинеја и Брегот Бјелкост исто така примиле заповед да бидат затворени до наредна одлука“, рекла претседателката во говорот на националната телевизија.

Истовремено најавила дека Либерија ќе издвои пет милиони долари како почетен придонес“ во регионалната борба со еболата. Во оваа земја од ебола веќе умреле 129 од 249 заразени луѓе.

Либерија граничи со две најтешко погодени земји, Гвинеја и СИера Леоне.

Се стравува дека вирусот би можел да се прошири и во Европа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.