Либерман ги повика израелските војници да не ги слушаат „лицемерите“

Израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман рече во средата дека војската би требало да ги пренебрегне критиките за израелските воени активности, два дена откако израелските војнции убија шеесетина Палестинци по должината на границата на Појасот Газа и Израел.

„Не слушајте ги зборовите на лицемерите во светот. Можеме да земислиме што би се случило доколку тие теористи упаднеа во (пограничните) заедници. Нашата должност е да ги спречиме да упаднат на израелска територија и да ни наштетат“, напиша Либерман во пораката на Twitter.

Обраќајќи им се на новинарите Либерман, припадниците на Хамас ги нарече „канибали“ отфлрајќи ги медиумските написи за можно долгорочно примирје со ова палестинското исламистичко движење.

„Не гледаме ништо значајно, ништо сериозно“, рече израелскиот министер за одбрана запрашан за неформални контакти меѓу израелската влада и Хамас. Израел за примирје ќе размислува само доколку Хамас целосно се разоружи, додаде Либерман.

Користењето на оружена сила од страна на Израел во текот на протестите во понеделникот, кога беа убиени над 60 Палестинци, наиде на остри осуди во меѓунардоната заедница и барање за истрага за прекумерна употреба на сила. Кувајт најави за во среда поднесување нацрт-резолуција пред Советот за безбедност при Обединетите нации за „заштита на палестинските цивили“ по насилствата во Појасот Газа.

САД во понеделникот ја блокираа изјавата на Советот за безбедност којашто ја изработи Кувајт, а којашто изразуваше „шокираност и тага поради убиствата на палестинските цивили“ и повикуваше на независна и транспарентна истрага. Кувајтскиот амбасадор во светската организација Мануср ал-Отаиби рече дека со нацрт-резолуцијата се сака да се „осигури меѓународна заштита за цивилите“, но и додаде дека „се’ уште не се разговара за мирвона мисија“.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.