Либија осуди 45 припадници на провладина милиција за убивање демонстранти во 2011-та

179

Либиски суд осуди во средата на смрт 45 припадници на милицијата кои беа обвинети за убивање демонстранти на протестите во престолнината Триполи во текот на бунтот против долгогодишниот либиски водач Моамер ел-Гадафи во 2011 година, соопшти тамошното министерство за правда.

Во оваа постапка им се судеше на 124 лица, коишто беа во притвор. Од нив 45 се осудени на смрт со стрелање, 54 на пет години затвор, а 22 лица се пуштени на слободата според одлуката на второстепениот суд во Триполи.

Настаните опфатени со овој процес се одиграле на 21-ви август 2011 година, кога започна „операцијата за ослободување“ на либиската престолнина од власта на Гадафи, шест месеци по избувнувањето на бунтот помогнат од западните земји. Припадниците на провладината милиција отвориле тогаш оган и убиле десетици деонстранти во квартот Аби Слим.

Моамер ел-Гадафи, чии сили одолеваа сé додека не следеше странската воена интервенција, беше фатен и егзекутиран во октомври 2011 година, во близина на неговиот роден град Сирт.

Skin Delight