„Телеграф“: Кои се лицата на фотографиите со Спасовски?

Третоосомничениот Аднан Сума, кој има неколку фотографии во прегратки со технички назначениот министер Оливер Спасовски, во скопското подземје важи како прв и најдобар фалсификатор во државата. Против него во 19 наврати се поднесувани кривични пријави за најтешки дела.

Меѓу делата што му се ставале на товар во минатото се пријава за убиство уште во 80-тите години, разбојништво, тешки кражби, кражби на возила, насилничко однесување, загрозување во тепачка со опасно орудие, обљуба или противправен блуд и други тешки кривични дела.

spasovski-pasoshi-3

Овие три лица се главните осомничени за организација на фабриката за продуцирање афери. Според сомнежите, тие го организирале скандалот со фалсификуваните лични карти кој неделникот „Фокус“, близок до СДСМ, го објави неодамна.

Ист скандал „Фокус“ продуцираше и минатата година

Ист таков скандал „Фокус“ продуцираше и лани, со таа разлика што тогаш беа актуелни фалсификувани пасоши. Според информации објавени деновиве во медиумите, полицијата пресретнала и неколку фалсификати што требало да послужат за продуцирање нови афери.

Така, порталот „Прес24“ вчера објави сознанија дека вистинска фабрика за афери била „работилницата“ на Захир Бекири. Како што објави порталот, тој заедно со повеќе лица бил задолжен да креира лажни афери, со цел намалување на рејтингот на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ.

spasovski-pasoshi-4

Според информациите на „Прес24“, групата подготвувала и други афери што требало да бидат објавени пред изборите, за да се урива рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ. Извори од истрагата рекле дека досега биле проверени само 10 отсто од обемниот доказен материјал. Според она што било најдено таму, групата подготвувала и фалсификувани бугарски пасоши со имиња на државни функционери.

Целта била тие да се објават пред изборите и да се обвинат функционерите дека извадиле пасош од друга држава за да може да се влијае на гласачите и да се намали нивниот рејтинг.

Швајцарски сметки

Во компјутерите на осомничените биле пронајдени и урнеци за банкарски трансакции од швајцарски банки. Според „Прес24“, целта била во овие урнеци да се вметнат имиња и податоци на високи државни функционери и милионски суми. Потоа, тие фалсификувани урнеци би се испратиле до медиумите што ги контролира опозицијата за да може да се обвинат државните функционери дека префрлале десетици милиони евра во швајцарски банки, објави „Прес24“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.