„Дневник“: 120.000 лица со матични броеви во фабриката на Чауш и СДСМ

Детална база на податоци за 120 илјади граѓани била пронајдена во фабриката за афери, каде што Захир Бекири – Чауш, неговиот брат и Аднан Сума се осомничени за фалсификување лични карти по пријава на опозициски неделник, пишува весникот „Дневник“.

dnevnik-licni-kartri-1

Ова е новото скандалозно откритие во истрагата за овој случај за тоа што се имало во т.н. фабрика за афери, во која осомничените се покажа дека се членови или поврзани со СДСМ, но и во близок и личен контакт со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и партискиот секретар (сега министер за внатрешни работи) Оливер Спасовски.

Се шири истрагата

Според изворите од истрагата, за секој од 120.000 лица од базата на Чауш и неговата банда покрај име и презиме, имало и адреси на луѓето, телефонски броеви и нивен матичен број. Матичниот број, според законските прописи, е личен податок кој е заштитен и до него податоци имаат само овластени лица.

Според нашите сознанија, најголем дел од телефонските броеви, пак, биле од мрежата на „Телеком“. Не е исклучено, како што велат изворите, истрагата да се прошири и во оваа насока. Особено ќе се проверува дали имало некаква злоупотреба во базата на телефонските оператори и на „Телеком“ од сегашни и поранешни вработени. Ова уште повеќе затоа што, како што веќе е познато, кај осомничените се пронајдени десетици илјади снимки со разговори на политичари и граѓани, пишува „Дневник“.

Трајановски директно од Телеком дојде во МВР
Трајановски директно од Телеком дојде во МВР

Инаку, последен во низата истакнати партиски кадри кои ги вдоми Оливер Спасовски е Горан Трајановски. Овој член на СДСМ кој преходно беше Претседател на партиската комисија за информатичко општество сега е назначен за Државен советник за телекомуникации и информатика. Трајановски директно од Телеком дојде во МВР.

Базата на податоци…